ВРВ НА ПРИЛЕПСКА ЛАКРДИЈА, ПОГЛЕДНЕТЕ КОЈ СЕ ЖАЛИ ЗА ПАД НА ПОЛИТИЧКА ДЕБАТА, ПРАТЕНИКОТ КОЈ ГЛАСАШЕ ЗА АМНЕСТИЈА НА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ ПО ТЕРК НА АХМЕТИ И ДУИ И ЗА ГУМЕНИТЕ КУРШУМИ ОБВИНУВА ЗА НИСКИ УДАРИ?!?!

0
2090

Во собранието вчера помеѓу пратениците на власта и на опозицијата се разви собраниска дебата по однос на законот за јавни набавки каде свое излагање имаше и прилепскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ главом и брадом Димитар Стевананџија, оној кој камерите на А1он го уловија како дреме по собраниските клупи и оној де, кој со едно прсте гласа амнестии на терористи и пукање на народни собири по сопствениот народ со гумени куршуми. 😀

pratenikspie

И се би било во ред од страна на забелешките од пратеникот Стевананџија доколку овие забелешки не беа изустени од овој контроверзен пратеник, бидејќи од него и од еден друг прилепски пратеник беа извршени едни од најголеми предавнички чинови врз македонскиот народ кога овој истиот пратеник заедно со уште еден прилепски пратеник учествуваа во бесрамното голтање кнедли или  поточно ,,патриотското” гласање поврзано со хашките случаи чијшто случаеви добијаа размер на воено злосторство кои што исто така не беа во согласност со законот за амнестија постигнат по воениот конфликт во 2001-ва година со Рамковниот договор, каде што овој договор за амнестија на Хашките случаи се смета за подметнато кукавичко јајце на Груевски и задоволување на апетитите на Ахмети и ДУИ за задржување на владината коалиција.

hashkisluchai

 

И вториот злостор на овој пратеник заедно со уште еден прилепски пратеник е гласањето на гумените куршуми кој беа последица на уцвиканиот премиер по жестоките протести по објавите на опозициските бомби поточно за случајот околу убиството на Мартин Нешкоски.

zakonzakurshumi

Секако, овој контроверзен пратеник кој треба да ги застапува интересите на прилепчани а го прави тоа на најлош можен начин со гласање на амнестии на терористи и гласање за тепање на сопствениот народ со гумени куршуми, кој исто така вообичаено наиде и на интересна критика од прилепскиот адвокат Жаре Стеваноски која во целост ви ја пренесуваме од неговиот фејсбук зид, иако според нас од ова што овој пратеник го направил со неговите преродени прстиња е спуштање на најдолно можно ниво :

zharestefanoski

Пратеникот и Законот за јавни набавки!

Не рекле за џабе “секој човек си е креатор на сопствената судбина”.

И кога сме кај дискусијава на пратеников во Собрание околу Законот за јавните набавки, не можев а да не забележам дека меѓу другото, на пратеников судбина му била да специјализира токму на оваа материја, ама во иднина, не сега. Затоа што до денешнава доскусија пратеников здраво за готово законот го познаваше како “Закон за беззаконие околу јавните набавки”.

Димчеее!

Додека беше Претседател на Совет во Општина Прилеп, зошто бе машко не распишавте тендер за избор на идејно решение за подигање на спомен обележјето Карпалак? 600.000,00 евра се потрошија за идејата на Бане Ваш а никој претходно не ја виде, оној бе со “Визурата” на Градскиот саат се сеќаваш?

Димчее!

Предновогодишно ќе бидеш сведок, додуша не само сведок ами по некаде и како осомничен за сите јавни набавки вршени од 2010 наваму, знаеш ли? Знаеш ли дечко, дека нема реализиран проект во Прилеп во кој не е усран законов за кој ти денес дебатираше. Неколкуте фирми од градов, кои ред се ределе за тендерите една по друга дечко сами за себе ќе говорат за привилегијата во постапката за јавна набавка.

Реклами, туристички воз, споменици, Пиво-фест, електронски паркинг системи, партерно уредување на комплексот пред Домот на културата Марко Цепенков, фонтани, спортски игралишта, автобуска станица и бензиска пумпа, градежни маркици, продажба на градежно земјиште, Општинска зграда од 1.000.000,00 €, проект за рехабилитација на водоводна мрежа, пречистителна станица, реконструкција на Општата Болница, Задравствениот дом Прилеп, Дом за стари лица, продажба на деловен простор во центарот на градот и уште многу други проекти Димче, за кои Ти, Мацко, Миле наш, Чупарко, Бане, и останатата дружина заедно со газдите на едните те исти Прилепски фирми, ќе го давате одветот за сработеното.

Ете во тие постапки Димче, Ти ќе имаш можност и тоа ќе биде твојата судбина, да специјализираш токму на Законот за јавните набавки. Ама ич да не се секираш, таму ќе имаш добри ментори кои ќе те поправаат во твоите погрешни одговори на оваа тема, а Ти се разбира ќе знаеш како требало да се практикува овој закон, па во наредниот живот, можеби ќе имаш можност да го применуваш законот согласно закон и без злоупотреба.

КАРМАТА Димче, е гадна работа.

Твојот иден ментор за подготовка на темата “Закон за јавните набавки”, Жарко Стеваноски.

 

ДИСКУСИЈА ПО ОДНОС НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВЕВЕДЕН ВО 2006 та, СО ЦЕЛ ДА СЕ ЗАШТЕДАТ ОГРОМНА СУМА НА СРЕДСТВА ДОВОЛН…

Posted by Димитар Стевананџија on Tuesday, September 29, 2015

Видеото е превземено од зидот на пратеникот Димитар Стевананџија