ВО ЦЕНТАРОТ НА РЕЖИМСКАТА ПРОПАГАНДА ЗА ЛОБОТОМИЈА НА МОЗОЦИ ВЛАДЕЕ ОПШТА КЛАТИКУРИЈАДА : Поради секојдневните скандали, Илија Димовски на помош за кризен менаџмент во Центарот за комуникации

0
1343

Нема ден а ВМРО-ДПМНЕ да не влезе во некој скандал. Во последниот период партијата мораше да се правда и да смислува како да ги вади од скандали многу од своите водечки функционери, пишува „Либертас“.

Сообраќајките и бегството од полиција на Диме Спасов, скандалозните навреди од Пешевски кон новинарка, попречувањето на СЈО во извршувањето на судската наредба во УБК, куќата на Мијалков на Водно, исказите на Слободан Богоевски за Груевски и Кондоминас, за минатото на Сашо Мијалков кога бил фаќан со дрога, за Јордан Мијалков и врските со југословенските служби и многу други.

Се чини дека скандалите не запираат, па секојдневно има многу работа за Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ од каде мора да смислуваат оправдувања, или цели филмови како во случајот со Диме Спасов.
Токму поради ова, на помош за кризниот менаџмент во овој период се вратил и Илија Димовски кој претходно беше шеф на овој оддел на партијата, а го напушти во 2014 година. На негово место дојде Иво Котевски, на кого во работата му помагала и екс-министерката Јанкулоска, но им било потребно и засилување за да можат да го пребродат овој тежок период.
Извор: Либертас
Фото: Свирачиња