ВО ТЕК Е ВТОРА ФАЗА НА ПОСТАВУВАЊЕ ПРИКЛУЧОК ЗА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА, ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧАТ ОСТАНАТИ 150 СЕМЕЈСТВА НА СМЕТКА НА ОПШТИНАТА

0
1204

Во тек е втората фаза за поставување на приклучоци за фекална канализација во Трубарево. На терен се работи на 150 домаќинства кои останаа без приклучок и тоа на сметка на општината. Целта е што повеќе домаќинства да бидат приклучени кон феканлната канализација.

Со ова ставивме крај на најголемиот проблем со кој се соочуваа граѓаните цели 17 години. Септичките јами ќе бидат минато, а со тоа ќе добијат достојни услови за живот. Системот е со вкупна должина од 7 километри од кои примарни и секундарни линии се изведени во должина од 5 километри.