Во поплавените подрачја најпотребни храна, пелени, вода и средства за хигиена и дезинфекција

0
774

– Конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена и средства за дезинфекција се најпотребни на населението во поплавените подрачја.

Од Црвениот крст на Република Македонија информираат дека помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 08,00 до 18,00 часот.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош со уплата на Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка или со донирање 100 денари преку телефонски повик на 143 400 преку сите мобилни оператори.