Во пожарите во Австралија настрадале 480 милиони животни

0
1773

Се проценува дека во кататстрофалните пожари кои ја пустошат Австралија настрадале 480 милиони животни, цицачи, птици и влекачи.

Експертите се загрижени дека некои растителни и животински видови би можеле да исчезнат.

Проценето е дека на три милиони хектари во Нов Јужен Велс, колку што изгореле пред десетина дена, дури 480 милиони цицачи птици и влекачи биле зафатени од пожарот.

Настрадале дури 8.000 коали, што е третина од овие животни чиј дом е Австралија. Најголеми шанси за преживување имаат кенгурите, бидејќи се големи и брзи, додека коалите се најзагрозени бидејќи се мали и бавни.

Тие се хранат со лисја од еукалиптус кој содржи лесно запалливо масло, па поради тоа се дополнително загрозени.

Австралиското министерство за животна средина кажа дека точните бројки на настраданите животни нема да се знаат сѐ додека пожарите не се смират.