Во обид да го спаси Силекс и Сител, Ѕинго наредните денови ќе ги откачи дуото Латас – Ивона?! Maрјан Николовски нов главен уредник?!

0
4234

Ѕинго имал намера да го откачи дуото Латас – Ивона некои велат дури и брачниот пар Сарма – Цаци и да донесе нов уредник во Сител со цел да ја спаси телевизијата а и компанијата Силекс од тотален колапс по налетот на новата власт која ќе прави контроли во работењето на фирмите.

Силекс веќе е под истрага на СЈО па веројатно Ѕинго ќе проба да го порпави имиџот на фирмите затоа што со новата власт, фирмите нема да мора да се рекламираат на Сител и нема да мора да ја купуваат Добра Вода и Ладна.

Исто така на големо се зборува дека наскоро семејството Рамковски ќе ја рестартира телевизијата А1 па Сител повторно ќе има конкуренција по 6 години монопол!

Пред неколку месеци се прошири шпекулација дека Ѕинго и Стојменов се во преговори со бугарски конзорциум за продавање на телевизиите во пакет за цена од 50 милиони евра!

Инаку наголемо се зборува дека Мали Зинго Горан размислува нов главен уредник да биде Марјан Николовски-Ранду кој неодамна доби грант од УСАИД за проект кој се емитува на телевизијата секоја сабота во 11 часот и третира меѓурелигиски теми. Други резервни варијанти му се неговите кратовци Иван Кузмановски и Саше Ивановски-Политико?!marjan randu

Извор : Мактел.Мк