ВО КУМАНОВО ЗАПОЧНА СО РАБОТА ЛИЗГАЛИШТЕТО ПРЕД ЗАТВОРЕНИОТ ГРАДСКИ БАЗЕН

0
1242

Во Куманово веќе започна со работи монтажното лизгалиште пред Затворениот градски базен. Лизгалиштето е доделено на користење од страна на Агенцијата за млади и спорт и истото ќе биде на располагање во следните два месеци. Граѓаните можат да го користат секој ден од 09.00 до 21.00 часот, а лизгалките се земаат на билетарата на Градскиот базен. Влезот е слободен.