Во името на Брендот “Свети Букви”

0
1364

И после се, уште ли има такви кои паѓаат во несвест и ќе плачат по четирите “свети букви”..??
Во чие име се извршени и се вршат сите злосторства и пљачки во оваа држава?
Омраза, поделби, криминал, пустошење на државата, ете тоа го памети оваа земја од тие четири “свети букви”. И најверојатно, многумина сега навредени „патриоти“ ќе се дрзнат да го бранат неодбранливото, па ќе кажат дека овие од ДПМНЕ немаат ништо со „светите букви“… Е, нема да може така бидејќи многумина имаат многу со „светите букви“ !!! Без голема експлификација ќе кажам само дека откако Ѓеоргиевски ја загуби власта го прогласија за предавник, ама пљчката и зулумот не се споменуваат. Па се најде друг поголем „вмровец“ , Кољо кој исто така во име на„светите букви“,дојде на власт, ја презеде,односто приграби целокупната власт и в корен ја уништи државата. И овој пат, и за него важи истата флоскула дека тој е ДПМНЕ и нема ништо со четирите „свети букви“. И така во недоглед..! Зар е можно да се дозволи едно историски обременето име да стане религија зад која ќе се прикрива узупацијата на државните институции за покривање на енормен криминал. Фактите покажуваат дека е можно, но до кога..?!?
Всушност, не се знае кои се поголеми дегенерици, тие што ги изнајмуваат „светите букви“ (плачковците), или тие што ги користат за пљачка на народот и државата?!… Мое длабоко убедување е дека сето тоа произлегува од фашисоидната матрица на изнајмувачите (плачковците) и на фашистичката доктрина на корисниците, врвот на партијата на власт. Од оваа вистина тешко може да се побегне зашто ВМРО, со мали временски исклучоци во историјата, а и во современава конотација е синоним за поделби,омраза,кодошења, предавства, криминал и злостоства. Во оваа злодоба ако плачковците изнајмувачи сакаат сепак да го заштитат нивниот „СУПЕР БРЕНД“- „свети букви“ нека го сторат тоа на единствениот можен начин да го заштитат со закон и да го пратат во историјата каде што му е вистинското место. Поинаку ќе остане синоним на злото и злодобата, како во минатото ,така и сега. Правдањето и плачењето предизвикуваат само отпор и иронија, односно крајно обесветување и целосна демистификација на тие четири„ свети букви“.

Аднан Џафероски, фејсбук статус