ВО ИЗЈАВА ЗА МАКТЕЛ : ПА ШТО МЕ БОЛИ К…! ШОКАНТЕН СКАНДАЛ: Службеното возило на народниот правобранител паркирано на тротоар во центар на Тетово!

0
1347

Читател на Мактел од Тетов ни ја испрати оваа фотка од службеното возило на народниот правобранител Иџет Мемети паркирано на тротоар во сред Тетово.

Нашиот читател ни изјави дека лично го видел обдусманот како го паркира често возилото во близина на зградата каде живее, и ни вели дека никој друг не смее така да паркира, пајак одма ги крева сите, но неговото возило никој не смее да го чепне.

Му се јавивме на мобилен на обдусманот за да ја провериме оваа информација, наместо објаснување добивме дрско арогантно вреѓање, парафразираме:

– Па што, голема работа, ме бол к.. за тоа што ми се јавувате, јавете ми се за нешто поголемо, како не ви е срам да ми се јавувате за вакви банални работи, па ти знаеш ли кој сум јас, ова да е последен пат што си ми се јавил, разбра?!?!

Ова беше разговорот меѓу Иџет Мемети и уредникот на Мактел, Саше Политико.