Војниците настрадале откако на оклопно возило на АРМ му откажале сопирачките

0
1600

Тоа удрило во возилото пред него, исто така оклопен транспортер кое било застанато, кое од ударот се придвижило и удрило во дефендер.

Сообраќајната несреќа на автопатот Скопје-Велес, во која учествуваа три возила на Армијата, според првичните сознанија на скопското Јавно обвинителство, се случила кај наплатната рампа кај езерото „Младост“, кога на едно од возилата во колоната, оклопен транспортер, му откажале кочниците.

Тоа удрило во возилото пред него, исто така оклопен транспортер кое во моментот било застанато. Од ударот второто возило се придвижило и удрило во трето моторно возило -дефендер.

Во верижниот судар еден офицер и четворица војници на АРМ се здобиле со лесни телесни повреди, кои им биле санирани болницата во Велес, по што тие дале исказ пред јавниот обвинител.

ОЈО информира дека во сообраќајката е незначителна материјална штета.

Дежурниот јавен обвинител издал наредба за вонреден технички преглед на моторните возила кои учествувале во несреќата, со специјални насоки да се проверат уредите за управување и сопирање.