ВОЈНА НА СДСМ И ДУИ – Сугарески : Никаде не мислам да ги носам плажите, ама сметам дека државата подобро ќе ги управува

0
1293

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески одговори денеска на реакцијата на градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко.

– Ме чуди изјавата на градоначалникот на Струга Мерко. Предлогот за преминување на управување на плажите на државно ниво е за сите плажи не само оние на Охридското Езеро. Никаде не мислам да ги носам плажите со мојот предлог, но мислам дека е подобро управувањето со плажите да го земе владата. Земјиштето останува на општините – рече Сугарески.