ВОСТАНИЕТО СЕ ШИРИ – УТРЕ ШТИПЈАНИ ИЗЛЕГУВААТ НА ПРОТЕСТ: НА НЕПРАВДИТЕ МОРА ДА ИМ СТАВИМЕ КРАЈ!

0
1213

Интегрално ви го пренесуваме повикот за протест кои го испаќаат штипјани:

Повик до сите Штипјани!

Излезете утре сите масовно на протест! (Понеделник -18.04, Основен Суд-Штип од 18 часот)

Да докажеме и покажеме дека Штип е храбар град, дека во Штип не живеат ,,човечиња”, да покажеме дека ние Штипјаните нема да бидеме заштитници на криминалот како што покажаа Скопјани, Битолчани и Струмичани со невидено масовни протести во нивниот град. Со неизлегување на протестот значи дека давате подршка, криминалци за големи криминали да се амнестираат од страна на претседателот, Ѓорѓе Иванов. Зарем не чуствувате ГНЕВ кон оние што краделе во милијарди- народни пари, нарачувале убиства, биле силеџии на избори да се амнестираат и да не одговаарат за ништо, додека од друга страна луѓе за кражба на кебапи да лежат по 3 години во затвор и да се казнуваат за продавање на коприви кои така заработуваат за парче леб… Протестираме зошто доста ни е од страв, сакаме СЛОБОДА.

НА НЕПРАВДИТЕ МОРА ДА ИМ СТАВИМЕ КРАЈ!

Штипјани утре ние сме на потег, повикајте ги сите што ги познавате и приклучете се на протестот.

ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ ВО КАКВА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕШ!

Споделете го ова за да дознаат што е можно повеќе наши сограѓани, а оние што не користат интернет известете ги лично.