ВОДЕНА ОД СВОЈОТ ЕКОЛОШКИ ФАНАТИЗАМ, ЛИЛЕ ПОПОВСКА СТАНУВА ГЛАВЕН КОЧНИЧАР НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ НА ЗЕМЈАВА!!!

0
1361

Прес конференција на Лиле Поповска на тема рудници. Таа полека станува најголем кочничар на економскиот развој на земјата, заедно со блокираните ДУП-ови во Скопје, блокираните рудинци и заглавените патишта, економски земјава е безмалку застаната! Со векови Македонците работеле по рудници и се ранеле цели фамилии, да тоа е тешка индустрија, но тоа е економскиот напредок на земјата, без индустрија Македонија ќе биде како во среден век, и тогаш имало само пиперки и патлиџани и сирење…

До медиумите   

 23.07.2018

Соопштение

Поповска:  Македонија е мала за големите амбиции на рударскиот сектор!

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, на прес конференција одговори на невистините и манипулациите изречени од претставник на рударскиот сектор во врска со измените на Законот за минерални суровини.

„Прво, не е точно дека измените се „лоши и неприменливи”. Тие содржат:

– забрана за цијаниди и сулфурна киселина при лужење и флотација во површински рудници за металични минерални суровини;

– обврска во техничката документација да стои јасно за какви постапки и хемикалии   станува   збор;  

– обврска за финансиска гаранција на концесионерот во случај на еколошка катастрофа;

и продолжување на роковите за одговор на локалната самоуправа и државните институции на 60, односно 30 дена, наместо сегашните 15 дена.

Значи, сите измени се јасни, логични и во насока на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Второ, не е точно дека законот се носи набрзина и без јавна расправа. Законот е веќен осми месец во собраниска процедура и за него се одржа јавна расправа со учество на сите засегнати страни,  вклучително и  на рударскиот  сектор. Заклучоците  од  расправата беа прифатени од Комисијата за економија, со согласнст и на предлагачите.

Трето, не е точно дека законот ги засегнува сегашните рудници, што беше дел од една претходна изјава на истиот претставник. Во текстот експлицитно стои дека измените не се однесуваат   на   постојните   четири   рудници,   што   беше   изрично   барање   на   рударскиот сектор.

Четврто, не е точно дека рудниците не се загадувачи. За тоа постојат голем број научни студии, а една од нив е и онаа на професорот Трајче  Стафилов за старите историски загадувања,  т.н. 16  жешки еколошки точки,  во која има податоци  за  загадувањето на почвата во рударските градови.

Конечно, Македонија е мала за големите амбиции на рударскиот сектор. Не е во ред да се отвораат рудници на секои десет километри.“

Од  прес  конференцијата Поповска јавно праша кој е мотивот на истиот човек од рударскиот сектор  толку упорно да се бори против очигледните еколошки заложби за заштита на животната средина од страна на екологистите? Дали е евентуално учесник во некоја од осумдесетте потенцијални концесии за нови рудници кои се сега во фаза на геолошко истражување?

Со почит,

Сектор за односи со јавноста


Овој прес е реакција на пресот на Николајчо Николов, претседател на комората на рудниците:

Продолжува хајката против рударскиот сектор. Тенденциозно се туркаат измените на Законот за минерални суровини по скратена постапка иако со нив, не само што нема да се реши ништо, туку и дополнително ќе се искомплицираат работите и нема да се дозволи отворање на рудници.

Вака, претседателот на Асоцијацијата на рударство при Стопанската комора, Николајчо Николов го прокоментира повторното поставување на измените на Законот за минерални суровини предложен од група пратеници на дневен ред на Собранието.

– Мислевме дека со запирањето на постапката при јавната расправа на крајот на минатата година запре и постапката за донесување на овие измени, но сега повторно се става на дневен ред. Како да е целта да се добијат некакви поени -рече Николов.

Според него, со предложените измени не се добива подобрен закон туку се прави збрка и се ставаат во нееднаква положба старите и новите рудници, одредбите на законот се тенденциозни и не дозволуваат развој на рударскиот сектор.

– Ако сега се во привилегирана положба постоечките рудници, законските измени сепак ќе влијаат на нивното проширување во иднина. Тоа значи дека ако сега „Бучим“ е изземен со овие законски измени во иднина кога ќе сака да отвори нов рудник ќе има проблем да го отвори – рече Николов.

Став на рударската асоцијација е дека животната средина не ја загадуваат само рудниците за да бидат предвремено санкционирани.

– Не го поддржуваме рударството, туку сакаме да се дојде до вистината. Ако се докаже дека рудниците се тие што ја загадуваат животната средина, први ќе се повлечеме. Но треба тоа да се докаже. Нашите сознанија говорат дека и покрај долгогодишната работа на актуелните рудници нема регистрирани професионални заболувања, ниту пак има зголемен број на болни од болести кои би биле предизвикани од рудниците – рече тој.

Николов додаде дека во близина на рудникот „Бучим“ компанијата која управува со рудникот купила лозје за да докаже дека земјоделството и рударството можат да функционираат напоредно.

-Јас ќе бидам првиот кој ќе проба од грозјето и ако како компанија одлучиме да правиме вино ќе бидам првиот кој ќе го проба тоа вино – рече тој.

Искуствата во светот, како што рече Николов, се дека има противници на рудниците, но дека светот веќе не размислува за затворање на рудниците ,туку за тоа како да овозможи тие напоредно да функционираат со земјоделството.

-Ако сакаме да се вклучиме во светските текови и ние треба да размислуваме на тој начин – рече Николов.

Измените на Законот за минерални суровини кои се актуелни веќе една година, предвидуваат да не се дозволи отворање на рудници кои во производниот процес – лужење користат цијанид.

Невладините организации и пратениците кои ги пределожија измените на законот тврдат дека државата не смее да дозволи отворање на нови рудници кои ќе користат цијанид, но рударскиот сектор тврди дека количините кои се користат во процесот на производството е минимален и никако не влијае врз животната средина.

Измените на Законот за минерални суровини ја поминаа расправата во Законодавно правната комисија и се пред пленарна седница.