ВНИМАНИЕ ДО ЈАВНОСТА : СИТЕ ФИРМИ НА ЗЛАТКО ТОДОРОВ – КУБУС СЕ ВО СТЕЧАЈ, НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА НЕГОВИТЕ НОВИ ИЗМАМИ, ВЕЌЕ ИМА ДЕСЕТИЦИ ИЗМАМЕНИ И ОШТЕТЕНИ КУПУВАЧИ НА СТАНОВИ, ФИРМИ ДОБАВУВАЧИ, БИЗНИС ПАРТНЕРИ, БАНКИ, ИЗМАМИ ТЕШКИ ВКУПНО НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА!

0
3523

Јавноста треба да знае дека сите фирми на Златко Тодоров – Кубус се во стечај во моментов!!!

Тоа е затоа што по 12 години заштита што му ја нудеа големи мафијаши од ВМРО ДПМНЕ кои беа добро инфилтирани по судовите и обвинителствата, конечно сите криминали и измами на Златко Тодоров – Кубус доаѓаат на тапет и конечно сите си ги бараат парите и затоа сите негови фирми се во моментов во стечај и тој се обидува што може да спаси од бродот кој тоне!!!

Тој има неколку фирми, сите го носат името КУБУС, но едни се КУБУС ДОО, КУБУС ДООЕЛ и КУБУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ и конечно сите се во моментов во стечајна постапка во судовите и сега ќе се види дали ќе успеат измамените да си наплатат нешто од украденото.

Дознаваме дека има оштетени банки кои му дале големи кредити со хипотека станови кои пак немаат имотен лист или се веќе продадени по два три пати или пак истите се дадени под неколку хипотеки во неколку банки, така што ќе има многу главоболку кај многу луѓе.

Најголема штета ќе претрпат станарите во многуте негови објекти кои живеат во станови со години без имотен лист иако уредно си ги платиле становите.

Некои не добиле ни стан, одамна ги иселил лично тој, па се и без станови и без пари иако платиле и по 100 000е за големи и скапи станови во елитни делови на градот Скопје.

Дел од оштетените овие денови се решија со герила акција да го свртат вниманието на јавноста кон овој хоштаплер, кој по сите индиции ќе биде новиот ФИКОМ!

Но да се потсетиме кој е Златко Тодоров – Кубус:

Мактел повеќе месеци истражуваше и прибираше информации за фирмата Кубус ДОО и Кубус Инженеринг и нејзиниот легендарен газда Златко Тодоров.

Она што дознавме не запрепасти, човекот речиси 30 години буквално пљачка низ државата, измамува купувачи на станови, бизнис партнери, добавувачи, банки и бизнисмени кои паѓаат на неговиот шарм и харизма и вештина да лаже и кажува приказни. Но тоа не е се, баш како во рекламата на ТОП ШОП.

Повеќе за оваа сторија ќе може да прочитате на порталот Мактел.Мк ОВДЕ