ВМРО-ДПМНЕ ја укинува лустрацијата

0
796

verifikacija-komisija

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа предлог – закон до Собранието за престанување на важење на Законот за лустрација.

Според овој предлог -законот, работата на Комисијата за верификација на фактите завршува успешно и затоа се наметнала потребата за укинување на Законот за лустрација, јавува 24 Вести. 

Законот се предвидува да важи од 1 септември. Нови лица за коишто постапката нема да заврши до 1 септември, нема да бидат лустрирани.

Укинување на Законот и ревидирање на процесот беше и една од главните барања на бриселските експерти предводени од Рајхард Прибе.