ВМРО-ДПМНЕ СПРЕМА ФИЗИЧКИ И КРВАВИ ПРЕСМЕТКИ СО НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ ЗА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА?!

0
3341

Формирањето на Влада помеѓу СДСМ и ДУИ предизвикува огромна загриженост во ВМРО-ДПМНЕ, последните денови сме сведоци на оркестрирани напади кон новинари, интелектуалци и поддржувачи на СДСМ. На големо се подготвуваат немири од страна на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период, како потврда на ова што го пишуваме е и последната одлука на Министерот за внатрешни работи да го повикува резервниот состав на македонската полиција.

8bf15933835c55e33d1279a2d63379cc_L

Редакцијата на Centarnews.net во текот на денешниот ден контактираше со висок фунцкионер на ВМРО-ДПМНЕ кој поради страв од можни последици од неговата партија сакаше да остане анонимен. Тој вели дека на последниот извршен комитет на партијата биле разгледувани повеќе сценарија.
Првото сценарио било протестите да продолжат зад параванот на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе даде декларативна поддршка, втората опција е самата партија да повика на масовни протести кои би требале да ги одвратат од идејата СДСМ и ДУИ за состав на новата Влада, третото сценарио е да се појави нова граѓанска инцијатива која ќе ја организира ВМРО-ДПМНЕ на кој ќе се испраќаат голем број на членови за поддршка но таа иницијатива ќе биде радикална која би требало да предизвика дивеење по улиците за разлика од иницијативата “За заедничка Македонија” која би требало да претставува разумна група на граѓани по улиците на Скопје.
Како едно од можните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ и најрадикално било сценариото за физички пресметки, според разработеното сценарио најпрво би требало да почне со 2-3 настрадани членови на ВМРО-ДПМНЕ како би прикажале дека СДСМ стои зад тие напади, а веднаш потоа би се случила и пресметка со некој кој е против нив прикажувајќи дека е започната одмаздата, а во исто време доведувајќи ја Македонија во граѓанска војна последното сценарио кое може да му биде излез на Никола Груевски и раководството.
Иако немал согласност за последното сценарио Никола Груевски на крајот од состанокот на своите сопартијци им рекол дека со нив  или без нив тој до крај ќе се бори за да не оди во затвор, истакнал дека веќе не е борба за фотеља или финансии туку дека сега е борба за личната слобода.
Останува во наредниот период да видиме дали овие сценарија ќе ја доведат Македонија во нови кризи или сепак утрешната посета на Федерика Могерини ќе ја разреши политичката криза и ќе го испрати Никола Груевски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ во политичка пензија.