ВМРО-ДПМНЕ со автобуси ќе носи демонстранти во Скопје- ќе протестираат за притворот на Владимир Талески

0
1238

ВМРО-ДПМНЕ со пораки до членството од сите градови во државава со инструкции по смс пораки утре да тргнат изутрина за Скопје. Според информации од А1он целта е да се изврши притисок во одбрана на градоначалникот на Битола, Владимир Талески на кого му е одреден домашен притвор по барање на СЈО.

timthumb-1-670x829

-Одложете ги вашите задолженија од понеделник за вторник бидејќи утре во 8 часот треба да бидете пред штабот да се оди за Скопје. Очекувам потврда за присуство, пишува во дел од пораките кои се испраќаат во текот на целиот ден.

Членови на ВМРО-ДПМНЕ за А1он велат дека не знаат зошто се доаѓа, но најверојатно дека ќе се протестира за битолскиот градоначалник пред СЈО на пладне, но слушнале дека ќе се протестира и пред Апелациониот суд , кој утре на пладне одлучува за мерката домашен притвор за битолскиот градоначалник.