ВМРО-ДПМНЕ му нареди на Хорхе: Да ја преиспитате одлуката за помилување!

0
1096

ВМРО-ДПМНЕ испрати отворено писмо до Ѓорге Иванов:

Почитуван Г. Иванов,

Во име на ВМРО-ДПМНЕ, Ви се обраќаме со барање да ја преиспитате Вашата одлука за прекинување на постапките против политичари од власта и од опозицијата и нивни соработници од 13 Април 2016 година и да ја разгледате можноста за нејзино повлекување.

Горенаведената одлука директно задира во реформскиот процес започнат со политичкиот договор од 2 Јуни 2016 како и Протоколот од 15 Јули 2016 и затоа бараме да ја разгледате истата и во најкус можен рок да донесете одлука за надминување на ново настаната ситуација.