ВМРО ДПМНЕ ВО ТОТАЛЕН РАСПАД КАКОВ НИКОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА СОНУВА: ОСТАВКА СИ ДАДЕ КОМПЛЕТНА УНИЈА НА ЖЕНИ!!!

0
1984

Даниела Рангелова си поднесе неотповиклива оставка од функцијата Претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш по неа по социјалните мрежи оставки најавија и други членки на Унијата. Се огласија Лилјана Затуроска и Лилјана Кузманоска. Во телефонски разговор за Телма, Кузмановска изјави дека сите членови на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се во оставка затоа што според партискиот статут доколку претседателот си замине од функцијата, тогаш заминува и целиот тим. На Рангелова според партискиот статут и прекинува и членството во Извршниот комитет. Рангелова оставката ја најави на својот фејсбук профил.

Не можам да прифатам да бидам дел од ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое ја однесе партијата во изолација, кое со своите политики базирани на неискреност и продуцирање на кавги помеѓу нас внатре во партијата, успеа по принципот раздели па владеј, дополнително да го подели македонското национално ткиво и да внесе неприфатливо ниво на омраза меѓу Македонците, но и меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ, напиша Рангелова.

Рангелова месеци наназад не се согласуваше со политиките на раководството на партијата. Спротивно на ставот на ВМРО-ДПМНЕ таа излезе и гласаше на референдумот на 30 септември. Нејзината постапка ја следеше и генералниот секретар на Унијата на жени Лилјана Затуроска. Оставката ја депонирала во партиското седиште. На фејсбук профилот образложи дека оставката ја дава со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим а дека Рангелова и тимот биле тие кои ја поставиле унијата на високото скалило во партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека пратеничките само ги напуштиле функциите, но не и членството во партијата.