ВМРО-ДМНЕ И МИЦКОВСКИ ИМ РОКНАА НОЖ ВО ГРБ НА БАЧЕВ И ВИЛИПЧО – ЈАНУШЕВ : ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори!

0
1336

Бојкот на претседателските избори е можен само во вториот круг и доколку владејачката СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ ниту повикувало ниту ќе повика на апстиненција на избирачите, уверува шефот на изборниот штаб на опозициската партија, Игор Јанушев.

Во вечерашното гостување на телевизијата 1ТВ Јанушев рече дека претседателската кандидатка Гордана Сиљановска Давкова, којашто предложи ВМРО-ДПМНЕ, ја има голема предност во тотал кај сите избирачи, без разлика дали станува збор за Македонци, Албанци, Власи, Бошњаци,Турци, Срби и сите останати.

Рече дека сите негови средби и разговори со граѓаните низ Македонија во изминатите два месеца одат во насока во насока на потврдување на победата на професорката Сиљановска.