ВМРО ВО СВОЈ ЛЕШПЕРСКИ СТИЛ : СДСМ И ЗАЕВ СЕ ВИНОВНИ ЗА ДИВЕЕЊЕТО НА НАШИОТ ЧЛЕН ЕМИЛ ЈАКИМОВСКИ – ГУСАР!

0
1099

Оттука треба да се утврди дали зад таквото однесување на Јакимовски не стои координирана акција и уцена од овој висок функционер на СДСМ.

Тоа што во медиумите се прикажува СДСМ за лажен душегрижник за новинари, а во реалноста висок функционер на СДСМ има честа координација со Јакимовски го покажува лицемерието на СДСМ и нечесните намери. Доказите за таквата координација ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до МВР, по што ги повикуваме да извршат вештачење на доказите и комуникацијата помеѓу високиот функционер на СДСМ и Емил Јакимовски со цел да се дознае вистината, а од друга страна да се утврди дали станува збор за уцена од страна на СДСМ и нивниот функционер врз ова лице.

Што се однесува до самото однесување на Јакимовски најстро ги осудуваме и се оградуваме од неговите ставови. Воедно ги повикуваме и охрабруваме институциите да постапат согласно со законските прописи.