ВМРОВЦИТЕ со јавен повик бараат КАМИКАЗА кој ќе биде масакриран на изборите за претседател на Македонија

0
1232

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска објавија јавен повик за пријавување на кандидати за претседател на државата.

-Согласно Одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесена на последната седница одржана на 22.12.2018 година, а врз основа на член 17 точка е) од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ денес објавуваме Јавен повик за пријавување на кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија за Претседателските избор 2019 година.

Сите оние кандидати, кои ги исполнуваат законски предвидените обврски и услови за кандидирање за кандидат за Претседател на Република Македонија и кои се согласуваат и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека се потенцијален кандидат, треба да поднесат индивидуално писмо за изјавување на интерес за кандидирање на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија, најдоцна до 31.01.2019 година до 18:00 часот, во просториите на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е плоштад ВМРО, Палата Христо Татарчев бр.1.

Веднаш потоа, сите кандидати кои ги исполнуваат условите, ќе имаат еднакво право да ги презентираат својот план и програма пред партијата, односно ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно одлуката на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на конвенцијата ќе учествуваат и одлучуваат 550 делегати.

Принципот за избор е тајно гласање, а за избран кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија се смета кандидатот кој добил најмногу гласови од сите кандидати, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на делегати.

Доколку ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број гласови од 1/3 или кандидатите добиле еднаков број гласови, гласањето се повторува. Во повтореното гласање учествуваат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови во првото гласање, информираат од партијата.