Вмровското членство во Кр.Паланка одбива да потпише дека ќе агитира на наредните избори

0
1354

Деновиве, локални функционери на Вмро Дпмне од Крива Паланка ги посетуваат своите членови на кои им поставуваат неколку прашања и чии одговори ги запишуваат и ги носат во општинскиот комитет.

Покрај основните, најболно прашање е:  Дали на наредните избори ќе се ставите во функција на партијата и ќе работите на терен?

Информациите кои дојдоа до нас говорат дека огромен број негативни одговори по ова прашање добиваат од  членовите на партијата, незадоволни од  работата на Општинскиот Комитет и Унијата на жени, кои во моментов се раководени од поранешни членови на СДСМ и други партии. Така, актуелниот координатор на Општинскиот Комитет е поранешен член и активист на Либералната партија, СДСМ, Обединети за Македонија и на крај Вмро Дпмне и e зет за ќерка на поранешниот градоначалник на Крива Паланка од СДСМ, а за претседателката на Унијата на жени општо познато им е на сите кривопаланчани дека потекнува од една од најкомуњарските фамилии, нејзиниот татко кој и ден денес негува блиски пријателски односи со Тито Петковски е поранешен началник на кривопаланечката полиција за потoа да стане и директор на државното шумско претпријатие “Треска”.

12109074_749498075177967_3521999595608413950_n

Неколку револтирани граѓани кои не контактираа велат:

Борче откако го назначија за координатор, си стана советник па го избраа за претседател на совет, од таму си зема преку 300 евра, и патува по Европа без пари, на сметка на општината, од раководител на експозитурата во Кр.Паланка со помош на партијата стана раководител и за Куманово, од каде платата му е дуплирана. Сопругата си ја вработи во основниот суд. Автомобилите ги менува како чорапи. Исто и Елена, ај што дојде од кај комуњарите, зема пари од 10 страни. За нив зима нема. Што бараат сега да не убедуваат да сме работеле, каде беа до сега, 10 години не лажат а наместо нас цело време си форсираат и вработуваат свои блиски луѓе. И на што личи таа ароганција, откако ке им одговориме дека нема да работиме и “трчаме”на наредните избори тие ни се закануваат со тоа дека ке ни се јавеле некои од Скопје од партија да не “дриблаат”.

12088213_749498035177971_7506083782180879555_n

“Една порака до Борче, Елена, Мицко и сите други: Џабе не убедувате со зборовите дека сега било многу важно да и се помогне на партијата. Сега кога ви дојде “јајцето на газот”, сега кога ви висат вашите фотељи, ви текна на нас. Не господа, ние ако сме вмровци, не сме глупи, на вас не ви е дојдено до нас туку до вашите болни апетити за директорските функции и тоа кој ке биде предложен за пратеник. Прочитани сте. Извинете ама сега засукајте ги ракавите и сами работете си ја кампањата.”