ВМРОВЕЦОТ ВЕРЕН НА ВМРО-ДПМНЕ ДО ГРОП, БУЈАР Османи : ДУИ би правела Влада со ВМРО-ДПМНЕ, но во владата да нема функционери под истрага

0
2050

Бујар Османи, портпарол на ДУИ, за телевизијата Алсат-М изјави дека партијата на Али Ахмети би правела влада со ВМРО-ДПМНЕ, но без функционерите кои се под истрага.

На прашањето доколку ДУИ успее да направи Влада со ВМРО-ДПМНЕ, дали максимално ќе инсистира фигурите кои се под истрага да не бидат дел од извршната власт, Османи одговори: „Мислам да“. 

– Јас реков дека сè е можно. Можеби ќе се донесе одлука која ќе го прекрши начелото „победник со победник“. Јас знам, ние знаеме дека последиците по прекршувањето на начелото ќе бидат многу тешки за Албанците. По другите изборни циклуси, не можам да кажам која одлука ќе доминира за време на овие анализи. Останаа уште три-четири дена, но сметајте дека платформата е услов без кој не се може, албанскиот јазик е услов без кој не се може и конкретно прецизирање на патот на интеграции е услов без кој не се може со која било политичка партија која може да направи влада или ако не, ќе одиме на предвремени избори – рече Османи.

Инаку, освен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, под истрага се и повеќе високи партиски функционери.