Влезе во историјата на Јунајтед: Солскјер со новата победа дојде до рекорд стар 73 години

0
1218

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед успешно одговорија и на вечерашниот предизвик, гостувањето кај Њукасл на „Сент Џејмс Парк“.

„Црвените ѓаволи“ победија со 2-0 со головите на Ромелу Лукаку и Маркус Рашфорд со што ја продолжија победничката низа под водство на новиот тренер Оле Гунар Солскјер. Норвежанецот со денешниот лигашки триумф кој беше вкупно четврти во серија влезе во историјата на клубот од „Олд Трафорд“, поточно израмни рекорд стар 73 години.

Солскјер е само вториот менаџер во историјата на Јунајтед кој успеал да ги добие првите четири лигашки средби, првиот е славнииот Мет Базби во 1946 година.