ВЛАТЧЕ КЛАТИГЛАВЧЕ ФАТЕН ВО ГОЛЕМА ЛАГА : Лани урлаше зошто не сме доселеле Христијани од Сирија и Египет, сега урла против бегалците?!

0
2202

Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција оцени дека со новата владина „Стратегија за интеграција на бегалци и странци во РМ во периодот 2017-2027 година“, како и на националниот акциски план за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година, подготвени од Министерството за труд и социјална политика, се менува досегашната стратегија на земјата која од транзитна сега станува земја на траен престој за овие лица и се маргинализираат македонските граѓани и побара објаснување за ваквите промени.

– Владата и Министерството за труд и социјална политика треба да одговорат зошто ја менуваат стратегијата на Република Македонија во делот на мигранти, бегалци и странци со која што Македонија од транзитна станува земја за траен престој на голем број луѓе на кои што ќе дојдат во Република Македонија. Со измените кои што ги предлага Владата во својата стратегија со измените што ги предлага Министерството за труд и социјална политика, тогаш ќе има олеснето доделено државјанство на овие лица, олеснето нивно сместување и изградба на цели станови, населби, згради, понатаму нивен олеснет пристап до градинки, училишта за сметка на граѓаните на Република Македонија како и засилено вработување, а сведоци сме дека вработувањата и тоа како им се потребни на граѓаните на Република Македонија, рече Ѓорчев.

Влатко Ѓорчев кој сега крека против мигрантите пред неколку години јавно ја застапуваше идејата за населување Копти и сириски христијани во Р.Македонија за да се зголемело христијанското население!

Сето ова е голема измама на ДПМНЕ кое е очајно и има потреба да го плаши народот со се и сешто, прво беше Тиранската платформа, сега се бегалците, пред тоа беше името, јазикот дрн дрн, секогаш има причина зошто треба да се уплашиме и да му ја дадеме властана Грујо за да не дотепа!!!