ВЛАСТА ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД Фридом Хаус е ХИБРИДЕН РЕЖИМ : Македонија и натаму во групата земји со хибриден режим

0
815

Во денеска објавениот годишен извештај на Фридом хаус „Нации во транзиција“, Македонија и натаму останува во групата „преодни влади или хибридни режими“. Македонија беше деградирана на ова ниво во минатиот извештај на Фридом хаус. Демократијата, според извештајот, уназадува во Европа и Евроазија.

freedomhouse

Во најновиот извештај на Фридом Хаус се наведува дека Македонија продолжува да забележува пад, особено во категориите: изборен процес и граѓанско општество.

Притоа се прецизира дека претседателските и предвремените парламентарни избори во април 2014 година беа нарушени со провладини публикации во медиумите и пристрасност и злоупотреба на административни ресурси, што доведе до долготраен бојкот на парламентот од страна на опозицијата.

Владата, како што се оценува во извештајот, продолжува да спроведува голем број позитивни институционални реформи што ги бара Европската унија, но загрижувачките случувања во последните неколку години ја доведе под прашалник посветеноста на владејачката партија во врска со политичкиот плурализам и транспарентноста.

Во извештајот се забележува и тоа дека граѓански групи и спонтани народните движења беа против проблематичните владини предлози, вклучувајќи ги и оние за поткопување на независноста на универзитетите.

Инаку, од седум земји на Балканот, четири забележуваат пад во демократските процеси, главно поради состојбата на медиумите и судството.