ВЛАЖЕН ВОЗДУШЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Погледнете каде ќе донесе врнежи

0
1498

Во текот на денешниот ден (сабота) територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажен воздушен бран и истиот повеќе ќе се задржи во западната половина од државава.

Времето ќе биде променливо облачно особено во западните предели со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат нешто поинтензивни а не се исклучува можноста и за локални грмежи. На највисоките планински места во западните предели ќе има врнежи од снег.

model_moddeuhd_2017020400_9_954_13

На повеќе места ќе дува умерен, во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец.

Максималната температура денес ќе се искачи во интервал од 5 до 13 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ