Владимир Талески доби нови 30 дена домашен притвор

0
1658

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 денеска одлучи, градоначалникот на Битола, Владимир Талески да остане во домашен притвор уште 30 дена.

Од судот велат дека одлуката е донесена по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за продолжување на мерката за обезбедување присуство против битолскиот градоначалник.

Надзорот над мерката куќен притвор ја спроведува МВР, а доколку осомничениот не се придржува кон мерката куќен притвор против истиот ќе се определи мерка притвор.