Владимир Лазаревик во политичка офанзива, се сретна со високи политички претставници на Ангела Меркел

0
1216

laz 1

Соопштение на движењето „Има иднина“:

Претседателот на ИМА ИДНИНА, Д-р Владимир Лазаревик е на дводневна официјална посета на Берлин. Посетата на Германија е по покана на господинот Рудолф Декер, поранешен пратеник во Бундестагот и основач на “International Berlin Gathering” традицоналната годишна средба на која се поканети официјални лица од повеќе од 60 земји.

Во рамките на посетата на Берлин, Владимир Лазаревик оствари официјални состаноци со високи политички претставници во Федералната Канцеларија на канцеларка Ангела Меркел. Д-р Лазаревик оствари повеќе официјални средби со пратеници од Бундестагот на кои ја претстави платформата и програмата на ново формираното граѓанско движење ИМА ИДНИНА, како и претстојните планови за развој на нов политички субјект во Македонија.

Д-р Лазаревик имаше официјален состанок со Др Јоаким Бертеле, директор на канцеларијата за билатерални односи со државите од Централна, Источна и Југоисточна Европа во рамките на Федералната Канцеларија.

laz 2

На состанокот д-р Лазаревик ја претстави актуелната состојба во Македонија како и своите гледишта за излез од политичката криза. Др Бертеле посебно беше заинтересиран за случувањата во Куманово и различните верзии кои се појавија во јавноста. Дополнително, Др Бертеле изрази силната поддршка и интерес на Германија, и ја потенцираше важната улога на Комесарот Хан во изнаоѓање балансирано решение кое ќе биде во интерес на сите инволврани страни.

Др Бертеле потенцираше дека е од исклучителна важност враќањето на довербата на граѓаните во институциите.

Посетата на Д-р Лазаревик продолжи со учество на Молитвениот Доручек.

Во рамките на денешниот ден се очекува средба со министерот за здравство господин Херман Грехе (Hermann Gröhe).