Владата потроши една милијарда евра на субвенции, а увозот на храна е удвоен!

0
961

Земјоделските субвенции, кои се неусловена буџетска поддршка на личниот доход на земјоделците, не се исплаќаат во целост, па создаваат обврски што се пренесуваат во наредните години. Парите засилено се исплаќаат во изборните години и непосредно пред изборите. Тоа се прави селективно, со оглед дека многу решенија на платежната агенција, со кои се одбиле барањата за користење субвенции, паднале на суд. Најдобар показател за непродуктивното и неефикасно доделување на субвенциите, пак, се податоците според кои во последните десет години е удвоен увозот на храна и драстично е опаднат бројот на грла добиток

Текстот е објавен на 2 септември 2016 година во неделникот „Фокус“ во бројот 1091

Пишувал: Влатко СТОЈАНОВСКИ

Актуелната политичка гарнитура предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по преземањето на власта во 2006 година, драстично ги зголеми средствата за неусловена финансиска поддршка на доходот на земјоделските стопанства, која бележи постојан пораст од година во година, во периодот до 2016 година. Па, проекциите на земјоделските субвенции од 20 милиони евра во 2006 година, достигнаа 140 милиони евра во последните години.

Меѓутоа, овие суми всушност претставуваат планирани, но не и реализирани средства. Ако се анализираат буџетите и завршните сметки, како и програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, станува јасно дека речиси секоја година има потфрлување во реализацијата, па голем дел од обврските се префрлуваат за следните години, кога од сумата предвидена за субвенции, практично се издвојуваат средства за покривање и на заостанати обврски и нови долгови.

На тој начин, средствата што се истураат за развој на земјоделството реално се во многу помал износ во одредена година, бидејќи голем дел одат за крпење на дупките од претходните години, но и за покривање други неразвојни цели, како обесштетување од поплави. Притоа, симптоматична е и исплатата на оние средства што се исплаќаат, со оглед дека Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, преку која се извршуваат плаќањата, одбива барања на многумина земјоделци, кои потоа паднале на Управниот суд.

Целиот текст ОВДЕ