Владата покажува знаци на повлекување пред ставовите на академската заедница и согласување со апсурдноста на новите законски измени!!!

0
1183

Пред малку Студентскиот пленум преку официјалниот Твитер профил извести дека биле повикани во кабинетот на премиерот Груевски.

Student-Protest-Skopje-Dec-2014-by-SJM-540x405

„Студентскиот пленум е “ВОНРЕДНО” повикан во кабинетот на премиерот Груевски да дискутира за нов Закон за високо образование, во 12:30. STAY TUNED“, стои во краткиоттвит објавен во 12:23 часот.

Според информациите на Либертас, утринава имало Сенат на УКИМ, па се јавил Груевски и ги повикал студентите и професорите да отидат кај него и да зборуваат за нов закон.

Повикот се однесувал и на Студентскиот и на Професорскиот пленум. Според нашите информации, студентите имале различни мислења за тоа дали треба да одат или не, но на крај одлучиле да отидат претставници со свои црвени линии.

Твитерџиите шеговито ги предупредуваат пленумците да внимаваат, бидејќи во кабинетот на премиерот се снима.

„Да не заборавите да и мафнете на камерата“, е еден од твитовите.

Претходно студентите одржаа 3 големи протести низ улиците на Скопје кои завршуваа пред Владата, но не наидоа на прием или разбирање од премиерот, туку напротив, само етикетирања и поврзувања со опозицијата. Следниот чекор кој беше најавен од студентите беше окупација на универзитетите.

Претходно со договор за компромис беше прекинат и штрајкот на СОНК, а впечатокот во јавноста беше дека во пресрет на „бомбите“ на Заев, власта на Груевски се труди да ги спречи барем другите „жаришта“, како што беа наставниците, професорите и студентите.