ВЛАДАТА НА ЗАЕВ СТАНУВА СЕ ПОУБАВА И ПОУБАВА, ЈАСМИНКА АНЕВСКА КОЈА ТРЕСКАШЕ ЦРВЕН ТЕЛЕФОН ПРЕД КАМЕРИТЕ НА ТЕЛМА ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ПОРТПАРОЛ НА ВЛАДАТА

0
3924

Новинарката, Јасмина Аневска, ќе биде првата жена портпарол на македонската Влада во нејзината историја, јавува Макфакс.

Аневска работеше во телевизија Телма, каде се шпекулира дека дала отказ и се подготвува за портпаролското место во Владата. Таа треба да го замени Александар Ѓоргиев кој беше разрешен неодамна на владина седница.

Аневска беше во фокусот на јавноста во 2015 година кога во живо на вестите на Телма ја „тресна“ слушалката од црвениот телефон кој беше поставен како дел од маркетинг-стратегијата на телевизијата дека не примаат нарачки.

Од Владата, како што пренесува Макфакс, засега нема ниту потврда, ниту демант на информацијата. Aневска била на годишен одмор, по чие враќање се очекува да стапи на функцијата.