Од денеска до крај на месец мај земјоделските стопанства ќе може да конкурираат за добивање на средства за набавка на трактори.
Овој повик се реализира согласно тековните и планирани рокови по програматата за рурален развој.
Вкупните прифатливи трошоци за секој корисник изнесуваат до 3.500.000 денари, но во нив не спаѓаат трошоците за приклучна механизација. Финансиската поддршка се исплаќа по принципот на ко-финансирање.
Од минатогодишните 30 милиони денари, годинава за оваа намена издвоени се 60,2 милиони денари.
➡ Линк до јавниот повик: https://bit.ly/2DCOSE4