ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ КРЛЕЖОТ ЏЕЈСОН МИКО, КОЈ ЛАПАШЕ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ ЗА ДА ГО БРАНИ РЕЖИМОТ ДУРИ ОД ПУСТИНИТЕ ВО АРИЗОНА!

0
1419

На седницата Владата отповика неколку конзули на Република Македонија – станува збор за Џејсон Мико, Ричард Голдман, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам.

Најпознат од отповиканите е Џејсон Мико кој на позицијата почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, САД, беше именуван во 2013 година.

Како што претходно потсети БИРН, како отворен лобист за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Американецот Џејсон Мико пишуваше колумни во „Дневник“ се до затворањето на весникот и неговите колумни ги преземаа и цитираа медиумите под капа на ВМРО ДПМНЕ. Во колумните се потпишуваше како „менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД) и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во југоисточна Европа“.

Но, неговиот ангажман вклучуваше и консултантски услуги за кои беше платен од буџетот. БИРН дојде до два договори со кои Министерството за одбрана го ангажира Мико во 2015 и 2016 година за интелектуални услуги во вкупна вредност од 17 илјади 875 американски долари

Во 2015 година Зоран Јолевски тогашниот министер за одбрана го ангажирал Мико за интелектуални услуги од делокругот на нарачателот а особено за „ работи кои се однесуваат на информирање на домашната и странска јавност за активностите од областа на одбраната“. Договорот е склучен на 17 септември 2015 и важел за периодот од 04.08 до 31.10. 2015 во вредност од 11.375 американски долари.

Во 2016 година, Јолевски повторно потпишува договор со Мико за информирање на домашната и странската јавност за активностите од областа на одбраната, како и покривање на самитот на НАТО во Варшава, за што на Мико треба да му се исплатени 6.500 долари.