ВИЦЕ ЗАЕВ ЖЕСТОКО РАСПАЛИ ПО МЕДИУМСКИТЕ ПРЕС БОТОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ : ВМРОВЦИ АЈ БЕ НЕ ЛАЖЕТЕ, НЕ ПОСТОИ НИТУ СКАНДАЛ НИТУ НЕЗАКОНИТОСТ ПОВРЗАНО СО ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ

0
1631

До: Медиумите

Предмет: Демант

Врска: Невистини изнесени од политичкатата партија ВМРО-ДПМНЕ

Целосно ги демантираме изнесените невистини од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Нема никаков скандал ниту било каква незаконитост во работата на Тотал инженеринг.

Договорот со Владата на Република Македонија за детални геолошки истражувања Тотал инженеринг го има потпишано пред три години, односно во 2015 година. Во тоа време,премиер на владата беше Никола Груевски, тогашен претседател токму на ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно законската постапка, којашто е идетнична за сите, врз основа на тој Договор Тотал инженеринг ја продолжува процедурата која завршува во април 2018 година.

Имаме проект и Елаборат за извршени геолошки истражувања, имаме Ревизиска клаузула на Проект од страна на Геолошки завод на РМ, се тоа во време кога институциите беа раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Значи исполнети се сите законски и правни регулативи од страна на Тотал инженеринг и затоа е добиена концецијата откако се добиени позитивни мислења од сите надлежни институции.

Целосно непотребно ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја дефокусира јавноста. Треба да знаат дека се целосно прочитани и да престанат со овие смешни прес конференции.

Фирмата Тотал Инженериг веќе неколкупати јавно ги охрабрува надлежните институции како и сите невладини организации коишто се занимаваат со борба против корупција детално да ги истражуваат измисленуте случаи на ВМРО-ДПМНЕ и да соопштат за наодите.

ДГИ Тотал инженеринг ДООЕЛ Струмица

 Управител

Вице Заев