ВИКТОР КАНЗУРОВ СО УБИСТВЕНА КОЛУМНА: ЛИДЕРОТ НА ВМРО ВАЉЕВО, МИЦКО КРСТИЌ, ГИ МРАЗИ ИДЕИТЕ НА ВМРО!!!

0
2410

Војводата Мицко Крстић не може да ги спомене државата (Југославија), п(П)артијата и (тоталитарниот) систем, кои, во 1951 година ги убија петмината струмички студенти.
Наместо тоа, челникот на ДПМНЕ-Ваљево, очигледно, немајќи никаква емоционална и идеолошка врска со каузата на настраданите, со нив, лично, ниту со нивната жртва и трагедија, зборува како некој надри-„лајф коуч“, со стенограмски научени, исплакнати фрази, како патетичната: „Македонија секогаш патела од раката на Македонецот“, ублажувајќи го така гревот на убијците и тргајќи ја од видното поле – каузата на злосторниците, кои убивале, затоа што имале, конкретни цели, планови и идеи, различни од тие на ѕверски убиените струмички студенти.

Дали војводата Мицко Крстић не го споменува сето тоа, затоа што тој и неговото ДПМНЕ-Ваљево, според начинот на размислување, идеолошки и национално, се вистински наследници, не на убиените петмина струмички студенти, туку на нивните џелати од КПМ и КПЈ?1
Струмичките студенти се бунтуваа против Југославија и против југословенизацијата на Македонија, затоа што знаеја дека, со останувањето на тој систем, ќе се размножуваат лица како Мицкота Крстић, кои, суштински, ги мразат идеите на ВМРО, иако се повикуваат на таа организација.
Убиените струмички студенти пишуваа пароли против Лазар Колишевски, а во чест на Гоце Делчев, но и на Ванчо Михајлов, кого, неписмените членови на ДПМНЕ-Ваљево, го мразат, иако ги бројат конгресите на сопствената партија, сметајќи ги и оние, организирани, додека водач на историската организација, бил Радко (т.е. истиот Михајлов).

„Лајф коучот“ и „мотиватор“ Мицко Крстић, со сместувањето во денешно време на голата фраза: „Македонија секогаш патела од раката на Македонецот“ (зошто „патела“, а не „страдала“, да го запрашаме јазично југословенизираниот Мицко?!), алудира на потезите на актуелната власт (каде што водечка ролја има правната наследничка на партијата-убиец на студентите), со кои, таа (власта), принудно, поради меѓународните околности, и, не од што сака, прави нешто, кое (би требало да) личи на исчекор од негативните пластови на југословенското наследство, во поглед на односите со Бугарија, со Грција, со нашите сограѓани-етнички Албанци, со западниот свет, со (чеканите и милуваните од струмичката петорка) САД, со НАТО, со ЕУ…!?

Мицко Крстић и ДПМНЕ-Ваљево, ги чествуваат монструозно убиените од Југославија струмички студенти, а се борат, Македонија, ментално, да остане југословенска!? ДПМНЕ-Ваљево се отепа од докажување, дека, покрај великосрпската власт меѓу двете светски војни, ниту беспрекорните југословенски македонски комунисти, по Втората светска војна, не убивале (Албанци). А, кој ги уби струмичките студенти?! Дали струмичките студенти се единствените, од идеолошки и национални причини, убиени наши граѓани, по Втората светска војна, од страна на југокомунистичкиот (сојузен и републички) режим?!

Има ли, на светот, пошизофрена, поподла и порасипана политичка партија, од ДПМНЕ-Ваљево?! Да суштествуваа во ист временски период, струмичките студенти ќе беа идеолошки и национално, најспротивставени на ДПМНЕ-Ваљево, кое, сега, е авангарда на КПЈ и на КПМ, на убијците на струмичката петорка.

Виктор Канзуров, фб пост