Викторија Јовановска ќе биде новата директорка на Клиниката за Гинекологија

0
2015

Викторија Јовановска ќе биде новата директорка на скопската Клиника за Гинекологија, од каде што директорската фотеља ја напушта досегашната директорка, Марија Хаџи Лега, неофицијално дознава Фокус.

Според нашите информации, доцна синоќа околу 1 часот е донесена одлука за разрешување на повеќе директори на скопските клиники и здравствените домови низ државата, така што за овие неколку денови се очекува нови директори да седнат на директорските фотељи.

Новиот бран смени на директори доаѓа откако министерот за здравство АрбенТаравари во неколку наврати досега најави назначување на нови кадри, кои ќе бидат пред се, стручни и професионални во својата работа.