ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: ИЗРАЗЕНО ЈУЖНО ВОЗДУШНО СТРУЕЊЕ

0
1448

За време на викендот кој доаѓа условите за магла по котлините ќе се намалат поради изразеното јужно воздушно струење кое ќе го имаме во Македонија и кое ќе донесе натпросечни температури на воздухот. Исто така ќе бидеме под влијание и на влажни воздушни бранови.

Поради ова за време на викендот времето ќе биде претежно облачно понекаде се можни и повремени сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд кој ќе бидат од локален и релативно од слаб интензитет. Маклку повеќе врнежи ќе има во западните предели. Снег ќе врне само на највисоките планински места во Македонија.

pcp24h_web_5

Температурите на воздухот ќе бидат во понатамошен порад и максималните во сабота (04.02.2017) ќе се искачат во интервалот од 5 до 12 степени додека во недела (05.02.2017) истите ќе бидат уште повисоки и ќе се искачат во интервал од 7 до 14 степени.

Ќе дува и умерен, на некои места засилен ветер претежно од југозападен правец.

НАПОМЕНА: Поради изразеното јужно воздушно струење за време на викендот и натаму ќе предизвикува топење на снежната покривка а не се исклучува можноста и за помал транспорт на прашина  и песок од деловите на Сахара.

Деталната временска прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!