(ВИДЕО): Mакедонската полиција употреби солзавец против мигрантите, има и повредени

0
1057

Припадници на македонската специјална полиција употребија солзавец за да ги потиснaт мигрантите кои се обиделе да влезат од граничната зона во Македонија. На видео снимката објавена од новинската агенција Ројтерс се гледа и дека има повредени лица, пренесе Радио Слободна Европа.

Македонската влада вчера прогласи кризна состојба и ја затвори јужната граница за мигрантите, главно сиријци кои доаѓаат од Грција. Тие, неколку илјади, ноќта ја минале на отворено на граничната зона меѓу Македонија и Грција.

Одлуката на Владата има за цел да спречи какви било посериозни проблеми и закани по локалното население, односно по жителите кои што живеат во гевгелискиот регион и да спречи какви било дополнителни проблеми, но и да обезбеди посоодветен третман на оние лица, илегални мигранти кои влегле во Македонија и изразиле намера за азил.

Инаку, на македонско-грчката граница илјадници бегалци од вчера се наоѓаат по должината на граничниот појас и се обидуваа да влезат во Македонија.

Според активистите на терен, во Гевгелија веќе неколку дена има специјалци кои што до денеска се грижеле само за јавниот ред и мир. Меѓународната пруга Солун-Скопје е блокирана од неколку илјади бегалци, а на грчка територија веќе биле заглавени два товарни и еден патнички воз. Се јавува дека ноќеска на границата стигнала уште една голема група мигранти.