(ВИДЕО) „10 минути“ со Лилјана Поповска: Моето откажување е логична, човечка реакција

0
1193

Претседателката на партијата Демократска обнова на Македонија, Лилјана Поповска во гостувањето во емисијата 10 минути на ТВ21 изјави дека нејзиното откажување од добитното место на кандидатската листа на СДСМ и здружената опозиција не е никаков политички пазар. Како што вели таа, тоа е логична и човечка реакција на еден политичар. Како што е познато, Поповска се откажа од четвртата позиција во Изборната единица 2, по бурните реакции и негодувањето на граѓаните и симпатизерите на СДСМ на социјалните мрежи.

„Кога слушнав дека на конгресот имало реакции, каде што токму моето име се посочувало, како да е проблем, во ниту еден случај не можев да си дозволам јас и партијата ДОМ да бидат употребени за внатре партиски дебати и не сакав да и наштетам ниту на коалицијата, ниту на партијата“, изјави Поповска.