(ВИДЕО) ЏЕС БЕЈЛИ МУ ДОНЕСЕ НА ЗАЕВ ЦЕЛ АВТОБУС АМЕРИЧКИ КОНГРЕСМЕНИ ДА МУ ДАДАТ ПОДДРШКА ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

0
1550

Премиерот Заев прими делегација на Конгресот на САД: Развојот на демократските капацитети ја носат Република Македонија на ново ниво поблиску до полноправното членство во ЕУ и НАТО.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, ги информираше американските конгресмени за околностите во кои беше постигнат договорот со Република Грција, придобивките од него, како и за подготовките за претстојниот референдум и за кампањата што му претходи, се вели во соопштението на Владата.

Во контекст на договорот со Грција, како што информираат од Владата, премиерот нагласил дека освен неговото постигнување во насока на решавање на тридеценискиот спор за името којшто ги блокираше евро-атлантските аспирации на земјата, Македонија се стекнала и со нов силен пријател и поддржувач, членка на ЕУ, Република Грција, а двете земји му покажале на регионот и на светот дека со добра волја и подготвеност не постои нерешливо прашање.

Конгресмените на средбата, додаваат од Владата покажале интерес и за други прашања од стратешко-безбедносен карактер и ја истакнале улогата и учеството на Македонија во заедничките мировни мисии со САД во Авганистан и во Ирак, како активности кои ја приближуваат земјава до полноправното членство во ЕУ и НАТО, но и го потврдуваат стратешкото партнерство со САД.