(ВИДЕО) Џафери: Да не беше обезбедувањето, ќе имаше жртви

0
1435

Да не беше обезбедувањето, ќе имаше жртви, затоа што целта на демонстрантите беше елиминација на неколкумина пратеници, изјави вчера Талат Џафери во вчерашното интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

– Тие хулигани имаа мрачни намери. Може да се види дека нивна крајна цел беше елиминирањето на одредени лица во Собранието, и тоа физичко елиминирање на пратеници – изјави претседателот на Собранието.

Џафери за ова го впери прстот кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои според него им помогнале на демонстрантите да влезат во Собрание, со однапред определени цели.

„Јасно се гледа дека таму има двајца, евентуално тројца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, едниот од нив е Муковски, другиот е Стефановски, докторот од Охрид и третиот е Тарчуловски кои ги упатил, не ги отворил тој вратите, но ги упатил демонстрантите“, вели Џафери.

Доколку шефот на државата Иванов и натаму одбива да го додели мандатот за составување влада, Собранието има ексклузивни компетенции да ја формира владата.

– Бидејќи рокот за избирање на влада почнува во моментот кога парламентарното мнозинство ја доставува владината програма и предлогот за владин кабинет до претседателот на Собранието – рече Џафери.