(ВИДЕО) ЌЕ СЕ ПОТЕПАА ЛИДЕРИТЕ НА ДВАТА ТАБОРА БОЈКОТИРАМ, БЕЗУСПЕШНИ ОБИДИТЕ НА МИЛЕНКО ДА ГИ ПОМИРИ, ЕДНИОТ ПОД ПАЛКА НА БАЧЕВ, ДРУГИОТ ПОД ПАЛКА НА ВМРО-ДПМНЕ!

0
2024
Палчо излажа (без око да му трепне) за најмалку 2 работи. Тие веднаш ги воочив и ви приложувам документи за лагата. Прво дека некој лажно го потпишал на БЛОКИРАМ (еве цела листа, негово име нема) и второ дека не сме ги повикале на обединување (прилог отворено писмо од 11 ноември недела дена пред протестот на кое не одговорија, сега е веќе јасно зошто).
Пак ќе речам, не е Палчо битен, нити јас. Од наша страна е подадена рака и вечерва го повторувам јавно и отворено повикот за ОБЕДИНУВАЊЕ. И да се делува како ЕДЕН.
Но се сомневам, според она што го изнесе во емисија дека е контролиран од „погоре“ и како што самиот кажа КОМПЛИЦИРАНО БИЛО ДА СМЕ СЕ ОБЕДИНИЛЕ.
Не мислам така. Просто е. И одма изводливо. Ама со СЛОБОДНИ ЛУЃЕ.
Арна извини. Во име на „руљата“ како што не нарече госн Палчо. Арна ти си херој и борец. Грешка е ако било кој те навредил и повредил.
Да живее Македонија.
Фејсбук статус на Филип Петровски