(ВИДЕО) Љупчо Николовски: Сите сточари до еден мора да бидат обештетени!

0
1161

Прес конференција, 
Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски
15.09. 2016
Почитувани сточари, земјоделци, почитувани граѓани,

Првиот чекор заедно го направивме, направивме притисок врз министерот за земјоделство Цветков и врз неодговорната власт и после месеци конечно почна обештетувањето за угинатиот добиток од болеста Јазлеста кожа.

Сакам да порачам – тука не застанувам! Заедно со вас ќе инстистирам, сите сточари кои претрпеа штети да бидат обештетени соодветно и без селекција, како што знае да прави оваа власт.

Информациите што ги имам не одат во прилог на тоа. Исплата е направена на мал број сточари и сумата воопшто не е соодвентна. Се пресметува штета само по угинато говедо, а не загубите што ги имаат на млеко и месо.

Од април алармирам. Власта направи многу грешки. Прво не ја сфатија сериозно состојбата со болеста. Доцнеа вакцините за добитокот. Поради ова, болеста се прошири на повеќе жаришта. Штетите се илјадници угинати говеда. Ја кријат точната бројка. Власта цели 5 месеци доцни и со надоместокот на штетите.
Доведена е во прашање елементарната егзистениција на сточари.

Да не помислат Цветков и власта на Груевски дека само формално ќе ја почнат исплатата на штетите и ќе се пазарат за политички предизборни и изборни цели.
Сите сточари до еден мора да бидат обештетени!