(ВИДЕО) Љубе Бошкоски: Ниту име сум продавал, ниту некој ме купил

0
1055

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во говорот на Централното собрание се заблогодари на претставниците на 60 општински организации дека останале со него и после сите случувања во партијата и неговото затворање и најави дека ОМ ќе стане парламентарна партија на овие избори, пренесе а1он.мк.

-Секогаш ќе ве изберам вас наспроти сите богатства, оваа наша љубов е нерескинлива, вмровска љубов. Да се заблагодарам што никој од вас не се продаде, и десетици илјади надвор од оваа сала не поверуваа дека Братот Љубе го продавал името, дека примил некакви средства, дека бил замолчен и нема да зборува затоа што бил платен. Не, браќа мои, никој не ме купил, јас не сум на пазарот и не сум политички трговец, имам став и јасна визија за Македонија и не отстапувам од неа, рече Бошкоски.

Ако некој бил продаден и предаван од оние со кои седевме на иста маса, тоа бев јас. Некои други ме предадоа, но јас никогаш нема да ве предадам вас и Македонија, рече тој.

И тогаш и денес истото го тврдам, доколку сакав фотељи и богатства немаше 2009 година да ја формирам Обединети за Македонија. Но од мене немојте да очекувате да напаѓам никого денес, затоа што јас се кажав, денеска е тоа македонката реалност. Ако навреме се реагираше и се сфатеа пораките, ние знаевме што значи зборот слобода и затоа излеговме со логото “Слобода или смрт“, а денес гледаме сите се борат за слободата.

ВИДЕОТО И ТЕКСТОТ ВО ЦЕЛОСТ ОВДЕ