(ВИДЕО) Јованоски : Целосно реконструиран покривот на детската градинка „Тризла“

0
936

Истакнувајќи дека грижата за најмладите кои посетуваат дневен престој во детските
градинки, е врвен приоритет, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски
заедно со претседателот на Совет, МилеТалевски и директорот на ЈОУДГ „Наша
иднина“ – Прилеп, Орце Тодоровски, денеска ја посетија детската градинка „Тризла“,
каде за прв пат откако е изградена градинката целосно се реконструираше кровната
конструкција.

„Се наоѓаме пред детската градинка „Тризла“, тука во населбата „Тризла 1“, каде
комплетно е реконструиран покривот на оваа детска градинка. Да напомнам дека од
постоењето, 40 и нешто години откако е направена градинката, прв пат сега се
реконструира покривот и тоа комплетно по највисоки стандарди. Од утре ќе се започне
со целосна промена на дограмата во оваа детска градинка, ќе се постави нова ПВЦ
дограма и во целост ќе се молериса градинката „Тризла“. Тука нема да запреме,
реконструкцијата на кровот е околу 1620 метри квадратни, а вредноста е околу
3.500.000 денари.“, истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.