(ВИДЕО) ЈА ГО МЕРЦЕДЕСО ОД 600.000 ЕВРА НА ГРУЈО АПАШОТ КУПЕН СО НАРОДНАТА ПЉАЧКА НА БУЏЕТОТ!

0
2156

Министерството за внатрешни работи денеска пред медиумите го покажа „мерцедес С-класа 600“ од  600.000 евра кој претходната Влада го купила во 2012 година и за кој јавноста дозна од објавен прислушуван разговор.

Блиндираниот мерцедес тежок 3.835 килограми, кој има највисок степен на заштита и отпорност од куршуми,  вклучително и гумите,  бил до неодамна користен и има поминато 57.000 километри. Како сопственик се води МВР, но  се чувал во гаражата на Владата.

Министерот Оливер Спасовски рече дека мерцедесот го покажува пред јавноста бидејќи уште како технички министер го ветил тоа откако ќе се формира новата Влада.Screenshot_8

– Ова е мерцедесот од 600.000 евра набавен од тогашниот министер за внатрешни работи Јанкулоска, којшто го скрија во гаражите на Владата, далеку од очите на јавноста. Имаше многу барања од граѓаните, кои не можат да замислат да имаат и просечно возило, да видат што е тоа од 600.000 евра на нивна сметка. Најмногу боли тоа што полицајците во Република Македонија немаат униформи, немаат возила да ги извршуваат своите работи, меѓутоа ова Министерство имаше храброст да купи возило од 600.000 евра за тогашниот премиер Никола Груевски по специјална нарачка – да има сараунд систем, да има клими, монитори на задните седишта итн. Сето тоа граѓаните го дознаа од прислушуваните разговори, рече Спасовски.

На мерцедесот имаше траги од шепи од мачки што, според Спасовски, покажува и како се чувал државниот имот. – Таков го оставиле во гаражата на Владата, на сосема неодговорен начин се однесуваат со имотот кој е купен од парите на граѓаните, од даночните обврзници, додаде Спасовски.

Високи се и трошоците за одржување и сервисирање, бидејќи промената на еден комплет гуми (на поминати 15.000 км) чини околу 20 илјади евра, но мерцедесот не планираат да се продаде.  Министерот рече дека возилото ќе остане да се користи за обезбедување од прв степен на странски делегации, затоа што негова продажба би било трошок, иако лично, рече, би сакал да биде продаден и парите да се пренаменат за потребите на полицијата – за униформи и за возила.

– Да правиме било каков јавен повик за продажба, ќе се изгубат големи пари. Треба, најверојатно, да остане само за тие делегации за кои ќе има обезбедување од прв степен, рече Спасовски.

На новинарско прашање дали се возел во мерцедесет, одговори: Не сум се возел и не планирам. Ниту еден од фунционерите на Владата нема да се вози во возилото.