(ВИДЕО) Јанески : Водоснабдувањето во Прилеп нормализирано, водата стигнува и до највисоките делови од градот

0
1408

И покрај исклучително ниската дарежливост на изворот Студенчица и малите
количини на вода кои доаѓаат од регионалниот водовод, сепак, со континуиран
ангажман на екипите на ЈКП „Водовод и канализација“, водата стигнува и до
највисоките зони во градот.

Како што истакна на денешната прес конференција директорот на ЈКП „Водовод и
канализација“, Емил Јанески, постојат повеќе можности за водоснабдување на
градот, и тоа со собирање на водата од Студенчица во коморите кои имаат
капацитет од 8.070 м3, тука се трите бунарски постројки, како и водата
акумулирана од изворите околу езерото.

Јанески нагласи дека ниската зона во градот никогаш нема проблем со водоснабдувањето и дека со таков проблем се соочуваат жителите од високите делови на градот, односно од населбите Варош, горниот дел од Точила, Тризла и Рид, каде минатата недела се јавија сериозни проблеми во доставените количини на вода.