(ВИДЕО) Ѓорѓиески : По повеќе децении се реконструира улицата Благоја Стефковски во Гази Баба, градиме по план

0
999

Изјава за медиуми, Марко Ѓорѓиески, претседател на ОО СДСМ Гази Баба

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Власта предводена од СДСМ продолжува постепено кон реализација на своите ветувања.
После повеќе децении започнуваме со реконструкција на улицата Благоја Стефковски, улица коишто е од огромно значение од голем број граѓани, а особено за граѓаните од општина Гази Баба.
Реконструкцијата ќе се одвива во неколку фази, во првата фаза опфаќа реконструкција и обнова на улицата во должина од 840 метри.

После оваа фаза, продолжуваме со изградба на пешачки и велосипедски патеки кои ќе ги спојат населбите Маџари и Ченто со останатите велосипетски патеки во нашиот град.
Дополнително, продолжуваме со праксата градежните активности да се одвиваат и во текот на ноќните часови со цел да се скрати времето на градежните активности, но и да се намали потенцијалниот сообраќаен метеж.
Заедно со граѓаните продолжуваме во реализација на нашата програма и посветена работа во заедничкиот општествен интерес.
За нас зборот важи, така и продолжуваме во иднина.